Светско чудо: Само со една рака има просек од 26 поени и сон му е да заигра во НБА (Видео)

Хансел Емануел Донато е доказ дека сонот секогаш може да биде реализиран. Младиот 17-годишен кошаркар од Доминиканската Република доби стипендија во САД и сега е дел од Лајф Кристијан Академијата.

Уште кога имал само шест години, Донато ја загубил левата рака, која му била смачкана од бетонски блок и не можеле да му ја спасат. И покрај тоа што е само со една рака, Донато решил да игра кошарка, а на почетокот од 2021 година се пресели во САД.

Во својата прва сезона ја освои титулата државен првак, а Донато имал просек од 26 поени по меч. Со една рака успева да забива, да дрибла и да погодува од сите позиции.

„Не му можете ништо. Тој е феномен на кошарката, кој ги мотивира не само сите негови соиграчи, туку и сите тренери, школски пријатели…“, вели тренерот на Донато, Мојсе Мичел.

Главниот сон на тинејџерот е еден ден да заигра во НБА-лигата. Хансел Емануел Донато е само еден од оние луѓе кои потврдуваат дека сите работи се возможни.

- Оглас -

Најнови вести