Светското првенство во 2030 година ќе се игра на три континенти?

Иако Аргентина, Чиле, Парагвај и Уругвај се главни фаворити за добивање на организацијата на Светското првенство во фудбал во 2030 година поради 100-годишнината од првиот Мундијал кој се играше во Уругвај, сепак тоа не значи дека Јужноамериканците нема да имаат противкандидати.

Се спомнува дека Шпанија и Португалија размислуваат за заедничка кандидатура, се шпекулира дека и Кина е заинтересирана, но тоа не е потврдено, а сега се појави нова опција и тоа СП кое првпат би се играло на дури три различни континенти.

Фудбалските федерации на Грција, Египет и Саудиска Арабија, имаат желба да испратат заедничка кандидатура, и веќе направиле план за изградба на стадиони на кои би се играло.

Одлуката каде ќе се игра СП 2030, ФИФА ќе ја донесе на својот Конгрес во 2024 година.

- Оглас -

Најнови вести