Sвездата на Барселона збесна: „Лажат!“

Бразилскиот репрезентативец во дресот на Барселона, Рафиња, жестоко реагираше на социјалните мрежи по шпекулациите дека налето ќе си оди од „Камп ноу“.

Како што е познато, Барселона има финансиски проблеми и ќе мора да се ослободи од неколку фудбалери за да може да го врати Лео Меси. Еден од тие фудбалери се шпекулира дека е токму Рафиња, кој има договоро со Барселона до 2027 година.

Тој жестоко реагираше на социјалните мрежи со зборовите: „Лажат!. Личноста која го кажала тоа е лажго и неинформиран.“

Рафиња оваа сезона за Барселона одигра 45 натпревари на кои постигна 10 погодоци, а 11 пати асистираше.

- Оглас -

Најнови вести