„Таа е сè уште жива“: Бонучи се фотографираше со фудбалерката која ја собори со жесток старт

Поранешниот дефанзивец на Јувентус и на италијанската репрезентација, Леонардо Бонучи, објави фотографија со фудбалерката на Манчестер сити и англиска репрезентативка, Стефани Хотон, врз која стартуваше жестоко на добротворен натпревар во Манчестер.

Бонучи доби силни критики за грубоста кон колешката.

По мечот тие се фотографираа и инцидентот го оставија зад себе, а најдоа простор и за хумор.

„Таа е сè уште жива“, стои во описот на фотографијата која ја објави Бонучи, а Стефани му одговори: „Мојот човек“.

Погледнете го фаулот на Бонучи:

- Оглас -

Најнови вести