Тадиќ: Среќата со пари не се купува

Српскиот фудбалер Душан Тадиќ, кој во летото 2018 година од Саутхемптон премина во Ајакс за 11,4 милиони евра, изненади многумина што Премиер лигата ја замени за послабата холандска, но решен беше да заигра за Ајакс.

„Имаше многу заинтересирани клубови, но во Саутхемптон им кажав дека сакам само во Ајакс. Можеби тие сакаа да ме продадат во друг клуб, но јас бев јасен. Мислам дека по четири години таму, заслужив да ми се исполни желбата. Го ценам тоа што ме пуштија во Ајакс, иако би заработиле повеќе од некој друг клуб. Секогаш го сакав Ајакс“, изјави Тадиќ, кој одигра одлична прва сезона во амстердамскиот клуб.

Сезонава Тадиќ има 10 гола и 15 асистенции на 26 меча. Летоска имал фантастична понуда од кинески клуб.

„Понудата беше луда. Имав понуда од 42 милиони евра за три сезони. Но, некогаш мора да го слушаш срцето. Мислам дека не е се во парите, среќата не може да се купи со пари. Од внатре се чувствувам богат“, вели Тадиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести