Рускиот борец Хабиб Нурмагомедов, на социјалните мрежи објави заедничка фотографија со боксерската легенда Мајк Тајсон, со кого беа заедно во Лос Анџелес, каде Хабиб гостуваше во интернет подкаст на Железниот Мајк.
„Некако ќе ги коментирам моите денешни емоции, но засега ќе споделам само слики. Убаво беше што те видов легендо“ – напиша Нурмагомедов кој кариерата во Ултимејт фајт ја заврши без пораз, а се повлече во октомври минатата година.
Тајсон кој своевремено беше најмлад светски првак во бокс во тешка категорија, рече дека мисли оти Хабиб би бил добар боксер, но Русинот не се согласи со тоа и додаде дека е задоволен од изборот на спорт.