Тајсон и теоријата на заговор околу настанокот на човештвото: Потекнуваме од вонземјани

Мајк Тајсон во гостување на поткаст-емисијата на Џо Роган посочи дека не верува дека човештвото е настанато од Адам и Ева, а луѓето потекнуваат од вонземјани.

Оваа теорија на заговор беше една од темите на кои Тајсон се задржа и си дозволи да коментира, па воедно додаде дека не верува во настанокот на човештвото според библиските записи.

„Мислам дека ние сме вонземјани или барем потекнуваме од вонземска раса. Доколку не може да се објасни настанокот на човештвото освен со теоријата за Адам и Ева, подобро ќе верувам во вонземјани. Веројатно вонземјаните биле пред изумирање и морале да создадат послабо развиена раса и така настанале луѓето“, посочи Челичниот Мајк.

Интересни се верувањата на Тајсон ако се знае дека во 1992 година се преобрати во Исламот додека беше во затвор, а муслиманското име му  Малик Абдул Азиз.

- Оглас -

Најнови вести