Тајсон: Повторно би го гризнал Холифилд, не давам никому да ми ја земе славата

Легендарниот некогашен боксерски шампион Мајк Тајсон се подготвува за своето враќање во ринг по пауза од 15 години, на 28 ноември ќе се бори со Рој Џонс, а промоцијата на мечот е во полн ек и Железниот Мајк медиумски е доста експониран во последните денови.

На гостување во американската телевизија „Фокс“, Тајсон потсети на некои од неговите најпознати и најконтроверзни борби во кариерата, меѓу кои предничи онаа со Ивандер Холифилд, кога тој му одгриза дел од увото на противникот и борбата беше прекината со „службен“ пораз на Тајсон.

„Не би го повторил тоа, но можеби и би можел. Ако заслужи да го гризнам, тогаш би го гризнал. Јас во тој момент сакав да го убијам, но го гризнав. Бев бесен бидејќи тој беше подобар од мене, ми задаваше удари во главата и секаде по телото. Таков сум, не давам никому да ми ја земе славата“, вели Тајсон.

Во интервјуто за „Фокс“, Тајсон кажа и дека многу боксери немаат храброст да влезат во ринг ако пред борбата не се напијат алкохол.

- Оглас -

Најнови вести