Така се игра без да се дозволи изненадување: Шпанија е во полуфиналето

Шпанија со перфектни шест победи во шест меча се пласираше во полуфиналето на Светското кошаркарско првенство во Кина. Црвената фурија ја оправда фаворитската улога во дуелот со Полска и славеше со 90:78 за влез меѓу најдобрите четири селекции. Следен ривал на Шпанија ќе биде подобриот од утрешниот меч меѓу Австралија и Чешка.

Во четврт-финалето против Полска, Шпанија беше во негатива само на 2:4 и 4:6. Во продолжение на средбата, фаворитот направи предност и константно ја одржуваше. Во последната четвртина, Полска се приближи на 72:76 (во 34-тата минута), но потоа следуваше серија на Шпанија од 11:0 за највисока предност од 87:72 во 37-мата минута, по што беше јасно дека Шпанија ќе игра во полуфиналето на Мундобаскетот.

Руки Рубио со 19 поени, 9 асистенции и 5 скока и Гомес со 18 поени беа најефикасни кај победничкиот тим. Шпанија е втор полуфиналист, откако денеска за место меѓу најдобрите четири се избори и Аргентина по победата над Србија.

- Оглас -

Најнови вести