Така се работи во Србија: Чукарички продаде играч за три милиони евра и тоа во 10-кратниот француски првак

Екипата на Чукарички одлично ја започна новата сезона и по четири кола има три победи и едно реми во првенството на Србија, па моментално се први на табелата. Дека има квалитетни играчи во составот на Чукарички се потврди и со трансферот на младинскиот репрезентативец на Србија, Игор Миладиновиќ.

Се работи за 21-годишен играч од средниот ред кој имаше одлична сезона во Чукарички и беше прогласен за најдобар млад играч во првенството. Неговиот талент го забележа францускиот гигант Сент Етјен, кој реши да го доведе Милановиќ во своите редови.

Десеткратниот француски првак не штедеше пари и плати три милиони евра на Чукарички за да го откупи договорот на Миладиновиќ, а српскиот тим ќе добие процент и од следниот трансфер на младиот фудбалер.

- Оглас -

Најнови вести