Најмладиот дебитант во историјата на српската Суперлига, Филип Ступаревиќ, направи трансфер во англиската Премиер лига. Ступаревиќ досега го носеше дресот на екипата на Вождовац, а во следните четири години ќе биде играч на Ватфорд.
Филип има само 18 години, а веќе може да се пофали дека има одиграно 57 меча за Вождовац и има постигнато шест голови и пет асистенции. Вниманието на странските екипи Ступаревиќ го привлече со одличните настапи во младинската селекција на Србија.
Од продажбата на својот најталентиран играч, Вождовац ќе заработи три милиони евра, што е убедливо најскап трансфер во историјата на клубот. Вождовац во последно време стана расадник на млади добри фудбалери. Претходно продадоа играчи во БАТЕ Борисов, Марибор, Ференцварош…, но овој трансфер на Ступаревиќ е врвот на нивното добро работење со младите категории.