Така се прави тоа во Србија: Од Вождовац, директно во Премиер лигата

Најмладиот дебитант во историјата на српската Суперлига, Филип Ступаревиќ, направи трансфер во англиската Премиер лига. Ступаревиќ досега го носеше дресот на екипата на Вождовац, а во следните четири години ќе биде играч на Ватфорд.

Филип има само 18 години, а веќе може да се пофали дека има одиграно 57 меча за Вождовац и има постигнато шест голови и пет асистенции. Вниманието на странските екипи Ступаревиќ го привлече со одличните настапи во младинската селекција на Србија.

Од продажбата на својот најталентиран играч, Вождовац ќе заработи три милиони евра, што е убедливо најскап трансфер во историјата на клубот. Вождовац во последно време стана расадник на млади добри фудбалери. Претходно продадоа играчи во БАТЕ Борисов, Марибор, Ференцварош…, но овој трансфер на Ступаревиќ е врвот на нивното добро работење со младите категории.

- Оглас -

Најнови вести