20.8 C
Skopje
среда, 23 јули 2025

Талентот на Бирмингам потпишува петгодишен договор со Дортмунд

Борусија Дортмунд наскоро ќе го официјализира трансферот на Џуд Белингем за сума од 23 милиони евра. Англискиот второлигаш Бирмингам се договори со Милионерите околу цената, а талентираниот играч за врска веќе ги завршил медицинските прегледи во пресрет на потпишувањето на петгодишниот договор.

Германскиот вицепрвак ја доби трката за чудото од дете од Бирмингам, за кое силно загриза и Манчестер јунајтед, меѓутоа Црвените ѓаволи не беа доволно упорни во намерите да го ангажираат.

Белингем ќе го облече жолтиот дрес само на 17 години и од него се очекува во иднина да прерасне во ѕвезда. Англичанецот сезонава настапи на 39 меча во Шампионат лигата, на кои реализира три гола и четири асистенции.

 

 

- Оглас -

Најнови вести