Талентот на Црвена ѕвезда најавува: Сакам да покажам дека сум подобар од Јамал!

Црвена ѕвезда утревечер во Белград ќе биде домаќин на Барселона во меч од четвртото коло на Лигата на шампионите. Гостите се големи фаворити за победа, но домаќините очекуваат да дадат достоен отпор.

Еден од оние од кои се очекува да биде посебно инспириран е 17-годишниот офанзивец на Црвена ѕвезда, Андрија Максимовиќ. Тој е најголем талент не само во Ѕвезда, туку воопшто во српскиот фудбал, а го викаат и „Меси од Ѕвезда“.

На дуелот против Барселона ќе има можност да се сретне со двајца врсници коишто играат во Барселона, а тоа се Ламин Јамал и Пау Кубарси. Сите тројца се родени во 2007 година, а Максимовиќ веќе имал можност да игра против нив, и тоа на Европското првенство за играчи до 17 години.

„Секако дека се сеќавам на тој меч. Покрај Јамал, таму беше и Кубарси. Тие се одлични играчи. Сепак, јас немам трема. Знаев дека ќе дојде овој меч. Играме на наш стадион во Лигата на шампионите. Сакам да покажам дека сум подобар од Јамал“, рече Максимовиќ во очекување на дуелот против Барселона.

Максимовиќ од оваа сезона е член на сениорскиот тим на Црвена ѕвезда откако минатата сезона играше како позајмен играч во Графичар. Пред еден месец дебитираше и за репрезентацијата на Србија.

Од друга страна, Јамал беше има 66 настапи за Барселона, а беше и еден од клучните играчи во шпанската репрезентација за освојување на Европското првенство ова лето. Во гласањето за Златната топка заврши на осмото место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести