Таличниот Калатес го растури Анадолу

Панатинаикос го совлада Анадолу Ефес со конечни 88:75 во рамките од 21-то коло во Евролигата. Грчкиот гигант стави крај на низата од три порази благодарение на расположениот Ник Калатес, додека Анадолу го претрпе вториот пораз по ред во континенталниот шампионат.

Избраниците на Рик Питино го направија првиот чекор кон победата со почетокот на второто полувреме откако остварија серија од 15-1. Сепак, гостите возвратија на сличен начин и експресно се вратија во игра. Во решавачката четвртина Анадолу успеа да дојде до само -2 негатива, но Панатинаикос фати нов залет и на крајот триумфот го забележаа рутински.

Калатес оствари двоен учинок од 20 поени и 13 асистнеции, а запиша и осум скока во својата статистика. Кај поразените најрасположен беше Бибу со 15 поени.

- Оглас -

Најнови вести