Порано играше за Ливерпул, сега е дел од петтолигаш, а преку интернет бара нов клуб

Стивен Кокер е некогашен перспективен англиски стопер. Кариерата ја започна во Тотенхем, а потоа настапуваше за многубројни клубови во Англија, а врвот на кариерата му беше кога во 2016 година дојде во Ливерпул.

Сепак, овој дефанзивец не се докажа во Ливерпул, па замина на позајмица во Квинс парк ренџерс. Кокер дури може да се пофали и со настап на англиската репрезентација во пријателскиот меч против Шведска.

Иако очекувањата беа големи, кариерата на Кокер никогаш не тргна во посакуваната насока. Неколку години помина во Турција, а потоа се врати во Англија и потпиша за третолигашот Виган. Оваа година тој беше дел од тимот на Малага сити, кој е дел од шпанската петта лига, но очигледно дека и тука е дојден крајот, па фудбалерот реши да побара помош преку социјалните мрежи, преку Линкедин.

„Линкедин семејство, ве молам покажете ја својата магија. Барам нова екипа за сезоната 2024/25. По можност во улога на тренер, но и понатаму сум подготвен да играм“, пишува некогашниот фудбалер на Ливерпул и на англиската репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести