Челзи победи, а Манчестер му помогна да стигне до место за излез во Европа

Челзи уште еднаш потврди дека е во одлична форма на крајот од сезоната во Премиер лигата откако победи со 2:0 на гости кај Брајтон, во меч од 37-мото коло. За Челзи ова беше четврта победа по ред и со новите три бода, Сините од Лондон се искачија на шестото место на табелата, кое води кон излез во Европа, и тоа во Конференциската лига.

Кол Палмер уште еднаш покажа дека е вистински лидер на Челзи и погоди за 1:0 во 34-тата минута. Во средината на второто полувреме беа решени сите дилеми кога Нкунку погоди за 2:0. Брајтон во последните секунди од дуелот даде почесен погодок.

Во корист на Челзи беше и победата на Манчестер јунајтед против Њукасл. Црвените ѓаволи славеа со 3:1 на „Олд Трафорд“. Младите Маино и Дијало беа предводници на домашниот тим откако погодуваа за водство на Манчестер од 2:1, а Хојлунд пред крајот погоди за 3:1, а Њукасл со гол во судиското надополнување погоди за 3:2, но тоа беше премалку да се спаси од пораз. Њукасл со овој пораз го загуби шестото место на табелата.

 

- Оглас -

Најнови вести