Тарибо Вест: Мафијата ме избрка од Милан, мразеа црнци

Поранешниот нигериски фудбалер Тарибо Вест (45) изјави дека во 1999 година, кога беше член на Милан, не прикажуваше добри игри поради тоа што бил под притисок од мафијата која не сакала црни играчи во тимот.

Вест одигра само четири меча за Милан. Потпиша во декември 1999 година, а во ноември 2000 беше позајмен во Дерби каунти и веќе никогаш не се врати во Милано.

„Мафијата не можеше да прифати играч од Африка. Не можеа да си допуштат во Милан на местото на легендите Малдини, Барези и Костакурта во одбраната да игра црнец. Сè направија да не се вратам таму. Во медиумите се пишуваше дека сум повреден, подмитија лекари да тврдат дека сум повреден, а тоа беше лага. Не им беше важно што останатите дефанзивци беа во години, важно им беше само јас да не играм. Имав понуда и од Ливерпул, но на крајот морав да се задоволам со играње со Дерби каунти“, објаснува Вест, кој во 1997 играше за Интер заедно со Роналдо, Симеоне, Рекоба, Занети, кога го освоија Купот на УЕФА, а кариерата ја заврши во 2008.

- Оглас -

Најнови вести