Татко му е тениска легенда, а тој во кариерата има освоено само еден СЕТ

Некогашниот прославен шведски тенисер Бјорн Борг тешко дека ќе има свој спортски наследник. Бјорн во кариерата освои 62 титули и 11 гренслем-турнири, што го прави еден од најдобрите на сите времиња. Борг остана запаметен и по петте титули во низа на Вимблдон, во периодот од 1976 до 1980 година.

Синот на Бјорн, Лео Борг од неодамна ја започна тениската кариера и ќе се обиде да тргне по стапките на својот славен татко. Сепак, стартот на Лео не е како што се посакуваше. Тој досега одигра 10 меча на турнири и забележа исто толку порази.

Не само што ги загуби сите 10 меча, туку Лео вкупно освои само еден сет, и тоа во дуел со 1.475-ти тенисер на АТП-листата.

„Не сакам за мене да зборуваат како син на легендарниот Бјорн Борг. Сакам да зборуваат само за мене и за мојата тениска кариера. Подготвен сум да играм на АТП-турнири, знам дека можам да играм добро и сакам да играм против посилни противници. Не чувствувам никаков притисок, само сакам да играм најдобро што можам“, вели младиот Лео Борг.

Лео е роден во 2003 година и од неодамна на започна кариерата. Стартот му е очаен, но верува дека може да напредува.

 

- Оглас -

Најнови вести