Таткото потврди дека „Кварадона“ останува во Серија А

Фудбалерот на Наполи, Квича Кварацхелија, најверојатно и следната сезона ќе игра за тимот од Неапол, изјави таткото на Грузиецот, Бадри Кварацхелија.

Квича во Наполи пристигна во 2022 година од Динамо Батуми, а минатата сезона беше еден од клучните играчи во освојувањето на титулата во Серија А, а поради одличните игри го доби прекарот „Кварадона“ по легендарниот Диего Марадона.

„Презадоволен сум што син ми ја освои титулата со Наполи. Благодарен сум и на Италија и Неапол што срдечно го дочекаа и го ценат. Тој може да бира да остане во Наполи или не. Мислам дека ќе продолжи да го Кварацхелија.

Квича сезонава досега одигра 34 натпревари за Наполи во сите натпреварувања и постигна осум гола. Неговиот договор истекува во 2027 година, но се наоѓа на радарот на најголемите и најбогатите фудбалски екипи.

- Оглас -

Најнови вести