Тажни ќе бидат новогодишините празници за Бразил и за фудбалскиот свет откако вечерва почина големата фудбалска легенда Пеле.
Кралот на фудбалот, како што го нарекуваат трикратниот светски првак со Бразил, почина на 82-годишна возраст.
Пеле извесен период беше хоспитализиран во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло по операцијата на туморот на дебелото црево.
Вестите постојано пристигнуваа дека ситуацијата му се влошува и, за жал, Пеле не успеа да се извлече.
Со Бразил легендата на фудбалот беше светски првак во 1958, 1962 и 1970 година и е единствен на сите времиња со три титули светски првак.