Тажен ден за спортот – Почина големата НБА легенда Бил Расел

Бил Расел почина на 88-годишна возраст од природна смрт, објавија на неговиот официјален Твитер налог.

Семејството соопшти дека големата кошаркарска легенда почина денеска во својот дом.

Расел е еден од најголемите кошаркари на сите времиња и 11-кратен НБА шампион со Бостон селтикс.

Има пет индивидуални признанија како најкорисен кошаркар, односно МВП на првенството што е најсилно во светот на кошарката.

Во кариерата играше само за Бостон селтикс и тоа од 1956 до 1969 година.

 

- Оглас -

Најнови вести