13.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025

Тег Хаг прави чуда во Манчестер јунајтед што досега не се видени во историјата на клубот

Манчестер јунајтед се пласира во полуфиналето на Лига купот откако без многу мака со 3:0 го победи Чарлтон, во меч кој има посебно значење за тренерот Ерик тен Хаг. Откако е дојден холандскиот стратег на „Олд Трафорд“, англискиот гигант стигна до 20 победи само во 27 меча во сите натпреварувања.

Ваков добар старт на еден нов тренер немало никогаш во повеќе од еновековната традиција на Црвените ѓаволи. Успехот на Тен Хаг е уште поголем ако се знае каков беше билансот на клубот во минатата сезона.

Манчестер јунајтед ланската сезона требаше да одигра дури 49 натпревари за да стигне до 20 победи, што е дури 22 средби повеќе од тоа што сезонава им требаше под водство на новиот тренер Тен Хаг.

- Оглас -

Најнови вести