Опасна магија на Тејтум, го скрши Џорџ со дриблинг (Видео)

Џејсон Тејтум одигра маестрална партија баскет против Лос Анџелес клиперс и иако неговиот тим загуби по едно продолжение, беше најдобар играч на дербито од ноќешната програма во НБА-лигата.

Потегот што го направи во самиот финиш на регуларниот дел долго ќе го памети еден од најдобрите дефанзивци во НБА, Пол Џорџ.

Тејтум со неверојатен дриблинг го „патосира“ на паркетот Џорџ и постигна тројка за израмнување на 97:97, со што го одведе мечот во продолжение.

Во дополнителните пет минути Клиперс го победија Бостон со 107:104, а Тејтум го заврши мечот како прв стрелец со 30 поени. И со потег што беше магичен и кошмарен за Пол Џорџ.

- Оглас -

Најнови вести