Теквондистот Георгиевски и на претседателот Пендаровски му покажа што знае (Видео)

Претседателот Стево Пендаровски денеска во својот кабинет го прими олимпиецот Дејан Георгиевски, кој на Летните олимписките игри во Токио освои сребрен медал во теквондо и притоа шефот на државата му честиташе на Дејан и побара од него еднаш да му покаже како изгледа удар со нога во глава.

Претседателот изрази надеж дека ова е само почеток на големите успеси како на Дејан Георгиевски, така и на теквондото во нашата земја и даде уверување дека македонските спортисти секогаш ќе ја имаат неговата поддршка.

Вака изгледаше „спарингувањето“ на претседателот со теквондистот:

- Оглас -

Најнови вести