Тен Хаг до навивачите: „Само вие бевте константни оваа сезона“

Дуелот и победата над Њукасл од 3-2 беше последен за екипата на Манчестер јунајтед на домашен терен оваа сезона. До крајот на сезоната им останува гостување кај Брајтон во недела, но и финалето од англискиот ФА куп на 25 мај против градскиот ривал Манчестер сити, меч кој ќе се одигра на „Вембли“ во Лондон.

Тренерот на Црвени ѓаволи, Ерик тен Хаг, по натпреварот со Њукасл им се заблагодари на навивачите за поддршката која ѝ ја даваа на екипата во текот на целата сезона.

„Сакам да ви се заблагодарам за поддршката во текот на сезоната. Оваа сезона не беше лесна. Единствената работа која беше константна беше вашата поддршка. Сепак, сè уште не е готово. Одиме во Брајтон, а потоа и на Вембли. Ви ветувам дека овие фудбалери ќе дадат сè од себе да го донесат трофејот на ‘Олт Трафорд’“, рече холандскиот тренер на клупата на Манчестер јунајтед.

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1790856448131383699?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1790856448131383699%7Ctwgr%5Ec6d2c60ed07bed061a0d6fd803f265dd55e517a9%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.tvarenasport.com%2Ffudbal%2Fvesti-iz-fudbala%2F27294%2Ferik-ten-hag-se-zahvalio-navijacima-mancester-junajteda%2Fnews

- Оглас -

Најнови вести