Ерик Тен Хаг седна на тренерската позиција во Манчестер јунајтед и пред него е навистина тешка задача а тоа е да го врати клубот на старите патеки.
Довчерашниот тренер на Ајакс ја презеде функцијата на Ралф Рангник кој што заминува на позицијата консултант во овој тим. Пласманот на катастрофалното шесто место и настапот само во Лигата на Европа за следната сезона ќе претставува голем проблем за овој тим.
Тен Хаг според информациите од Англија, му се јавил на Френки де Јонг, фудбалерот на Барселона за да го убеди да дојде во овој тим. Но, играчот му рекол дека не е заинтересиран за трансфер во Манчестер јунајтед бидејќи сака да игра во Лигата на шампионите.
Де Јонг играше во Ајакс во времето кога токму Тен Хаг беше тренер на овој тим, каде што имаа одлични резултати и соработка, но таа очигледно е дека нема да се повтори, барем не во брзо време.