Тен Хаг е оптимист: Манчестер има тим за иднината

Манчестер јунајтед стигна до една од најважните победи сезонава откако со 4:3 го елиминира Ливерпул во четвртфиналето од ФА купот на Англија. Второлигашот Ковентри е следниот ривал на англискиот гигант, што значи дека на Црвените ѓаволи им се насмевнува пласман во финалето.

Тренерот Ерик тен Хаг е задоволен и најавува дека гигантот од „Олд Трафорд“ во иднина треба да има уште подобри резултати и успеси.

„Првите 30 минути што ги одигравме против Ливерпул беа најдобрите сезонава. игравме компактно, си помагавме, но потоа се појави дупка меѓу линиите, а тоа е недозволиво кога противник е еден од најдобрите клубови во светот. Откако примивме два гола, решивме да ризикуваме и на крајот тоа се исплатеше. Имаме тим пред кого е одлична иднина. Фудбалери како Дијало, Гарначо и Мејну ќе бидат уште подобри. Сега треба да го победиме и Ковентри за да играме во финалето на ФА купот“, задоволно коментира Тен Хаг.

- Оглас -

Најнови вести