Новиот менаџер на Манчестер јунајтед донесе интересна одлука пред стартот на новата сезона и им забрани на фудбалерите пиење алкохол во текот на работната недела пред натпревар.
Одлуката би значела дека може да се консумира по некоја чаша само по натпреварите во сабота или недела, а веќе од понеделник до следниот натпревар на Црвените ѓаволи ќе нема пиење.
Одлуката на Холанѓанецот прв ја поздрави Бруно Фернандеш и Португалецот вели дека е мерка на место и ќе ја подобри атмосферата во тимот и дисциплината.
Англичаните се особено познати пивопијци, но играчите на Манчестер јунајтед ќе мора да внимаваат на забави, прослави, журки… што ќе ги посетуваат во текот на новата сезона.