Новиот менаџер на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг испрати моќна порака до играчите на својот иден клуб со дисиплинска мерка што е интересна, а се однесува на голманот на Ајакс, Андре Онана.
Тен Хаг е незадоволен од односот на Онана, кој ќе ја продолжи кариерата во Интер, па го испрати на одмор во Камерун, пред да заврши првенството во Холандија.
Онана се однесуваше непримерно на дуелот со Спарта Ротердам и не замина кон трибините за да ги поздрави навивачите на Ајакс, што не му допадна на Тен Хаг.
Веднаш имаше реакција па Андре не бранеше во финалето на купот против ПСВ Ајндховен, а сега по мерката што му ја изрече тренерот и ја заврши кариерата во Ајакс.
Тен Хаг вчера и официјално беше претставен како нов тренер на Манчестер јунајтед, клуб што минува низ криза и му треба голема реконструкција за да биде конкурентен и во Англија и во Европа.
Црвените ѓаволи се рекордери со 20 шампионски круни во Англија, но немаат титула од 2013 година, кога заврши блескават трофејна ера на Алекс Фергусон.