Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, не сакаше многу да зборува за Кристијано Роналдо кој со саудискиот Ал Наср го потпиша најголемиот фудбалски договор во историјата.
Тен Хаг по победата на Црвените ѓаволи над Вулверхемптон беше запрашан за потписот на Роналдо со Ал Наср, а неговиот одговор беше краток.
„Не зборувам за минатото, ајде да зборуваме за иднината“, одговори Тен Хаг.
Роналдо непосредно пред стартот на Светското првенство во Катар, спогодбено го раскина договорот со Манчестер јунајтед, откако во интервјуто со новинарот Пирс Морган, ги нападна менаџерот и управата на Црвените ѓаволи, а не ги поштеди ниту фудбалерите.
Дебито на Роналдо за новиот тим се очекува да биде на 5 јануари.