Манчестер јунајтед сезоната ја заврши со трофеј и тоа во ФА Купот. Пехарот од најстарото натпреварување во светот ќе заврши во витрините на „Олд Трафорд“, откако на „Вембли“ во Лондон, Манчестер јунајтед со 2:1 го победи градскиот ривал Сити.
Многумина веруваа дека ова ќе биде последен меч за тренерот на Црвените ѓаволи, Ерик Тен Хаг, но холандскиот стратег сега воопшто не размислува да си замине. Тој дури најавува дека тимот во следната сезона ќе биде уште подобар под негова палка.
„Кога пристигнав во Манчестер можам да кажам дека беше хаос. Потоа почнав да го подготвувам, да се развива. Тоа е проект. Денеска можам да кажам дека сме подобри, но уште не сме на нивото на кое посакуваме да бидеме“, рече Тен Хаг.
Во првата сезона како тренер на Манчестер јунајтед, Тен Хаг го освои пехарот во Лига купот, а сега и втората сезона ја завршува со трофеј и тоа тој во ФА Купот.
No Manchester United and Kobbie Mainoo fan will pass without liking this tweet.#FACupFinal #FACUP24 #MUFC | Bruno Fernandes
pic.twitter.com/W51tWWHk8t— Satan (@Scentofawoman10) May 25, 2024