Тен Хаг мислел на се, ќе има убав бонус ако го врати Манчестер кај шампионите

Холанѓанецот Ерик Тен Хаг ќе добие специјален бонус од 3 милиони фунти, или некаде околу 3.5 милиони евра ако Манчестер јунајтед успее да се врати во Лигата на шампионите идната сезона.

Тен Хаг летово дојде кај Црвените ѓаволи од Ајакс и целта е да се избори за првите четири позиции во Премиерлигата, која ќе стартува на петти август, а Манчестер ќе го игра првиот меч два дена подоцна против Брајтон.

Проценето е дека Манчестер јунајтед загубил околу 90 милиони фунти поради тоа што идната сезона нема да игра во Лигата на шампионите.

Дел од финансиските експерти кои се добро запознаени со состојбите и во фудбалот велат дека Манчестер јунајтед ако повторно остане без ЛШ и за сезоната 2023/24 тоа би бил голем финансиски дебакл од над 100 милиони фунти.

 

 

- Оглас -

Најнови вести