Тен Хаг може да биде горд, урна рекорд на легендарниот Јохан Кројф

Ајакс со убедливите 5-2 над Ситард продолжи во победнички ритам во холандскиот шампионат, а со петте погодоци екипата на Ерик тен Хаг урна клупски рекорд од 1987 година кој го постави легендарниот Јохан Кројф.

Кога холандската икона ги предводеше Копјаниците пред повеќе од 30 години, во вкупно 82 меча под негова палка Ајакс постигна 250 погодоци. Составот на тен Хаг го подобри тој рекорд за еден гол, односно 251 гол по 82 лигашки средби.

И покрај тоа што изминативе неколку години Ајакс ги продаде своите најдобри поединци како Де Лихт, Де Јонг, Зијеш, екипата не загуби на квалитет и е еднакво моќна како претходно.

Затоа Ајакс е на добар пат да ја одбрани титулата во Ередивизие бидејќи по седум кола стои на врвот со 18 од максимални 21 бод.

- Оглас -

Најнови вести