Тен Хаг му го прости испадот на Рашфорд, но не пропушти шанса повторно да го пецне Џејдон Санчо

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, минатата недела имаше испад, откако без дозвола заминал во Белфаст да се забавува во ноќен клуб. Хаосот настана откако во јавноста беа објавени фотографиите од фудбалерот, па очекувано беше дека тој ќе биде суспендиран.

Сепак, тој ќе биде во составот на Црвените ѓаволи за денешниот дуел со Вулверхемптон, но Ерик тен Хаг не пропушти шанса да го пецне и Џејдон Санчо, кој беше во слични проблеми.

„Рашфорд ќе биде во составот за натпреварот против Вулверхемптон. Сè може да се каже интерно и во четири очи. Друга работа е тоа што Џејдон постапи комплетно спротивно и одлучи да говори јавно. Во овој клуб работите не функционираат така. Играчите мора да ја знаат разликата помеѓу доброто и лошото“, рече Тен Хаг.

- Оглас -

Најнови вести