Тен Хаг му одговори на Кристијано Роналдо: „Далеку е тој од Манчестер“

Кристијано Роналдо неодамна на гостување на поткаст го критикуваше тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, за кого рече дека не му доликуваат изјавите дека се далеку од борбата за првото место во Премиер лигата.

Холандскиот тренер денес на прес-конференција доби новинарско прашање да ги прокоментира критиките од Кристијано Роналдо.

„Тој е далеку во Саудиска Арабија. Далеку од Манчестер. Секој има право на свое мислење. Тоа е во ред“, кусо коментираше Тен Хаг.

- Оглас -

Најнови вести