Тен Хаг: Не го ставив Роналдо во игра затоа што го почитувам!

Холандскиот стручњак и актуелен менаџер на Манчестер јунајтед не сакал да го стави Кристијано Роналдо во игра на денешното дерби против Сити затоа што многу го почитувал. Додека фановите на Роналдо мислат дека Тен Хаг го потценува најдобриот стрелец во историјата на фудбалот, тренерот има спротивен став.

„Не сакав да го ставам Роналдо во игра од почит кон него и неговата кариера“, вели Тен Хаг, чиј тим беше понижен и поразен со 6-3.

Роналдо сезонава нема дадено гол во Премиер лигата, а често е на клупата за резерви, но денеска првпат воопшто не влезе во игра.

- Оглас -

Најнови вести