Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, не жали што ја прифатил понудата да ги преземе Црвените ѓаволи, и покрај тоа што има лоши резултати поради кои му се заканува опасност од добивање на отказ по завршувањето на сезонава.
Холанѓанецот дојде на „Олд Трафорд“ со големи надежи, но ништо од тоа не се оствари, тимот е осми на табелата во Премиер лигата, има рекорден број порази во една сезона, а денеска се соочува со еден од кандидатите за титула, Арсенал.
„Ниту на секунда не жалам што сум овде. Манчестер јунајтед е огромен клуб. Никогаш не знаете за предизвиците додека не се соочите со нив. Сепак, го сакав овој предизвик и ни секунда не се покајав за мојата одлука. Многу сум среќен овде“, вели Тен Хаг.