Тен Хаг обвинува: Некој со години го полнел Манчестер јунајтед со просечни играчи

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг е на вистинскиот пат да го врати препознатливиот сјај на клубот, кој е рекордер со 20 шампионски круни во Англија, но вели дека некој случајно, или намерно носел безброј просечни играчи во минатите години.

„Клубот се полнел со просечни играчи во изминатите години, а такви не му требаат на гигант каков што е Манчестер јунајтед.

Не знам која е причината, случајно, од незнаење, или можеби и намерно, но просечни играчи во толкав голем број не му требаат на Манчестер јунајтед. Некој заборавил колку тежи дресот на најтрофејниот англиски клуб. Само играчи со карактер и квалитет што можат да издржат огромен притисок можат да играат за нас“, вели Тен Хаг.

Манчестер јунајтед моментно е во серија од пет победи во сите натпреварувања, а во клубот се уште се чека првата титула од 2017 година.

Тогаш Црвените ѓаволи го кренаа пехарот во Европа Лигата, а потоа гостуваа во Скопје на УЕФА Суперкупот на Европа во дуел со европскиот шампион Реал Мадрид што го загубија со 1:2.

 

- Оглас -

Најнови вести