Манчестер јунајтед на последните три натпревари постигна само еден, а прими четири гола, што беше доволно само за по еден бод во Премиер лигата и во Лигата на Европа. По победата од 7-0 над Барнли во Купот, напаѓачите на Јунајтед како да ја потрошија „муницијата“, а притисокот врз Ерик тен Хаг е сè поголем.
„Бесни сме, бесни сме на самите себеси. Но во тоа беснило мора да пронајдеме мотивација. Сите се одговорни, но сè почнува од мене како менаџер. На теренот имаме лидери и тоа мора да го покажат. Создаваме многу шанси, го имаме третиот најголем ‘xG’ во Премиер лигата. Мора да ја унапредиме играта во шеснаесетникот. Мора да бидеме ‘убијци“ во тој дел од теренот. Сигурен сум дека нашите напаѓачи се способни за тоа“, рече Тен Хаг.