По кратастрофалниот почеток на сезоната, Манчестер јунајтед врза четири едноподруго победи во Премиер лигата. Последната дојде пред нешто повеќе од еден час, кога беше совладан Арсенал со 3:1.
Тренерот на „црвените ѓаволи“, Ерик Тен Хаг сосема јасно е задоволен од играта на своите играчи.
„Арсенал играше добро, но и ние се браневме добро. И покрај тоа што израмнија, имав добро чувство, бидејќи игравме навистина добро.
Сите видовме што ни донесе Антони, иако мислам дека можеме да бидеме уште подобри како тим. Ме радува што кога се браниме, сите се браниме и тоа е доказ дека сме на добар пат.
Со текот на времето ќе следуваат уште подобри настапи, тоа можам да им го ветам на навивачите на Манчестер јунајтед“ изјави Тен Хаг.
Манчестер јунајтед по шест одиграни кола има 12 года и е на делба на петтото место. Следен меч за Манчестер е тој од Лигата на Европа во четврток против Реал Сосиедад, кој исто така се игра на „Олд Трафорд“.