Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг, кој неодамна потпиша нов договор, си го пофали својот придонес во освојувањето на трофеи на клубот.
„Секако дека се чувствувам посилен откако го освоив ФА купот. Овој клуб немаше освоено трофеј шест години пред да дојдам. За две години, освен Гвардиола, освоив најмногу трофеи во англискиот фудбал. Можеме да го победиме секој противник, го докажавме тоа против Сити и Ливерпул, но вистината е дека има уште долг пат пред нас и треба да бидеме поконстантни и треба да создадеме победничка култура“, изјави Тен Хаг.