Манчестер јунајтед по 21-ви пат ќе игра финале на ФА купот, со што го изедначи рекордот на Арсенал, вечерва на пенали го победија Брајтон во полуфиналето, а менаџерот на Црвените ѓаволи, Ерик Тен Хаг ги пофали своите пулени, иако тие за 120 минути не дадоа гол, но барем во пенал рулетот беа прецизни и смирени.
„Во четвртокот против Севилја не можев да си го препознаам тимот, но денеска се вративме во нормала. Видов посветеност и желба, се боревме на секоја педа од теренот“ – изјави Тен Хаг.