Тен Хаг: Роналдо не сакаше да биде дел од иднината која ја планираме за Манчестер јунајтед

Менаџерот на Манчестер јунајтед, холандскиот стручњак Ерик Тен Хаг, откри дека не разговарал со Кристијано Роналдо после интервјуто во кое Португалецот ги критикуваше и него и клубот, а одлуката за разделба била на Роналдо.

„Како се чувствувам во врска со ситуацијата до Роналдо? Тоа е веќе во минатото. Гледаме само во иднината, одиме напред. Немам разговарано со него после интервјуто. Сакаме да избрадиме нова иднина за Манчестер јунајтед, а тој не сакаше да биде дел од тоа“ – објасни Тен Хаг, кој додаде дека не сака веќе да троши енергија на оваа тема и фокусиран е на успешно завршување на сезоната.

По раскинот на договорот со Црвените ѓаволи, 37-годишниот Роналдо уште е без клуб.

- Оглас -

Најнови вести