Тен Хаг: Роналдо нема да игра против Челзи, но сметам на него за следниот меч

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг, изјави дека казната со отстранување од тимот за Кристијано Роналдо е само за денешниот натпревар против Челзи, и дека смета на Португалецот за наредниот натпревар.

„Дали Роналдо ќе остане тука до крајот на сезонава и дали јас сакам да остане? Да, го сакам и едното и другото. Оваа казна е исклучок само за мечот со Челзи, потоа тој ќе се врати. Роналдо е важен дел од нашиот тим и сметам на него до крајот на сезоната. После првиот инцидент со Рајо Валјекано му реков дека таквиот однос е неприфатлив, а бидејќи му се повтори, мораше да има казна. Без него сме ослабени денеска, но важно е за менталитетот на тимот да се знае дека фудбалот е тимски спорт и мора да се исполнат некои стандарди“ – рече Тен Хаг.

После денешното дерби во Лондон против Сините, нареден меч за Јунајтед е оној в четврток на 27-ми октомври против Шериф во Лига Европа.

- Оглас -

Најнови вести