Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хег, јасно стави до знаење дека смета на услугите на пречкртаниот за минатата сезона Џејдон Санчо.
Англискиот 24-годишен интернационалец имаше кавга со тренерот, и мораше да си замине, па играше како позајмен во Борусија Дортмунд, каде остави добар впечаток.
„Имавме добар разговор со Санчо. Секој може да направи грешка. Повлековме линија и продолжуваме понатаму. На овој клуб му требаат добри играчи и едно е сигурно, Џејден е многу добар играч. Се надевам дека ќе придонесе за нашиот успех“ – изјави Тен Хаг.