Манчестер Јунајтед ја пропушти и последната шанса да освои трофеј оваа сезона, откако во финалето на ФА Купот загуби од градскиот ривал Манчестер Сити со 2-1.
– “Скршени сме, разочарани, но горд сум на мојата екипа. Игравме многу добро, примивме два ефтини голови, но бевме во игра. Владееше одличен дух и бевме одлично организирани. Штета, примивме голови кои не смееше да ги примиме. Кога играте против Сити и нема да примите гол од отворена игра, тоа е голема заслуга на екипата, но ако примите вакви голови, тогаш тоа е разочарувачки.“ – разочаран беше Ерик Тен Хаг после поразот од Манчестер Сити.