Тен Хаг: Спиев мирно по отстранувањето на Роналдо од првиот тим на Јунајтед

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, откри дека мирно спиел кога одлучил на почетокот од сезоната, од првиот тим да го отстрани, Кристијано Роналдо, по што започна „војна“ меѓу најголемата ѕвезда во екипата и тренерот.

„Имав свои причини зошто го отпишав Роналдо и тие беа очигледни. Исто така знаев кои се последиците по таква одлука, јасно ми беше дека можат да бидат негативни за мене. Но, не се грижев за тоа и мирно спиев. Моја работа е да носам одлуки кои ќе бидат од корист на клубот“, изјави трн Хаг.

„Војната“ меѓу нив заврши во ноември минатата година по интервјуто на Роналдо во кое изнесе низа обвинувања за управата и тренерот. Клубот одлучи да го раскине договорот со Португалецот кој на 1. јануари го постигна најголемиот договор во историјата на фудбалот. Тој од Ал Наср во наредните две и пол години ќе заработи 500 милиони долари.

„Тоа е моја работа и моја одговорност. Морам да стојам зад своите одлуки. Нормално, не секогаш имате доволно време за нешто што мора да направите. Тогаш имавме десет дена да одлучиме што ќе правиме со Роналдо“, додава Тен Хаг.

Одлуката да се отстрани Португалецот од Манчестер јунајтед, засега се покажува како добра бидејќи екипата игра одлично. Јунајтед веќе го освои првиот трофеј сезонава, победи во Карабао Купот, ја елиминира Барселона од Лигата на шампионите и сè уште има шанси да ја освои титулата во Премиер лигата, но и во ФА Купот.

- Оглас -

Најнови вести