Тен Хаг стигна на „Олд Трафорд“: Се чувствувам како дома, имам големи очекувања!

Новиот менаџер на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг, стигна на „Олд Трафорд“ и ја одржа првата прес-конференција откако стана шеф на стручниот штаб. Холандскиот стручњак вели дека има големи очекувања.

„Среќен сум што дојдов, одвај чекам да почнеме со работа. Се чувствувам добредојден, ова е мојот нов дом, и сакам да направам успех. Имам големи очекувања и од мене и од екипата. Мора постојано да се дава максимум, доброто некогаш не е доволно, треба да бидеме на 100 проценти. Имаме план, се надевам дека ќе го реализираме“ – рече 52-годишниот Тен Хаг кој со Ајакс во 2019 неочекувано стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести