Тенис, ракомет и фудбал со пет меча до вкупна квота од 57

Комбинација од неколку спортови ги креираат денешните пет Квоти на денот во Sport Life. Ако ги одиграте сите пет комбинации, вкупната квота која ќе ја добиете е одлична и изнесува 57.

Надал игра против Феликс Оже-Алијасим, а тука ќе биде најважно како ќе се одвива првиот сет. Понудата е да има над 9,5 гејмови во првиот сет, што носи коефициент од 1.80.

На ракометното Европско првенство за жени, Црна Гора треба да ја победи Романија, и тоа во меч на кој Црногорките ќе имаат предност и на полувреме. За 2-2 квотата е 2.25.

Во вториот денешен меч на ЕП, Франција е фаворит против Германија и тука опцијата е Галските петли да слават во дуел на кој ќе има повеќе од 50,5 голови.

Од фудбалската понуда, тука се два меча од англиските ниски лиги. Вимблдон е фаворит и дома треба да победи Вејмут во меч на кој домаќинот уште на полувремето ќе води, а на краот ќе слави, а топката најмалку трипати ќе се вади од мрежата на еден од двата гола. Квотата за тоа е 2.50.

Кембриџ треба да постигнува од еден до три погодоци во двете полувремиња на дуелот против Курзон Ештон, а квотата е 2.45.

- Оглас -

Најнови вести